Д-р психијатар, психијатар за деца и адолесценти и семеен терапевт и предавач на Институтот за брак, семејство и системска пракса – АЛТЕРНАТИВА
Personal Experience & Biography
Таа е редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје од 2013 г, а во периодот од 2004 – 2023 била професор по Детска и адолесцентна психопатологија на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Од 2004-2023 г. била раководител на Одделот за детска и адолесцентна психијатрија при ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија, Скопје. Професор Ралева е иницијатор за востановување на специјализацијата по Детска и адолесцентна психијатрија и нејзин водител од 2015-2023 г. Учествувала во подготовка и спроведување на повеќе меѓународни и национални проекти од областа на детското и адолесцентно ментално здравје, и автор и коавтор е на 44 трудови објавени во стручни и научни сисанија од областа. Од 2009 – 2022 г. била Национален соработник за превенција на насилство при Министерството за Здравство во соработка со СЗО, Канцеларија Скопје. Соработник е на Европскиот извештај за превенција на злоупотреба на деца (СЗО, 2013), главен истражувач на Студијата за негативните искуства во детството и влијанието врз однесувањата поврзани со здравјето (СЗО, 2014).
Области на експертиза
Бихејвиорални и емоционални проблеми во детството и во адолесцентниот период
Нарушувања од аутистичен спектар
Превенција на насилство врз деца и третман на психолошки трауми во детството и адолесценцијата
Родителски вештини за родители на деца со типичен и атипичен развој
Јазици
Македонски
Англиски
Француски
Српски
Хрватски
Членства
Член на „Здружението на психијатри на РМ“ и поранешен секретар на здружението
Претседател е на „Македонското здружението за детска и адолесцентна психијатрија“
Член е на Здружението за системска семејна психотерапија
Член на ДЕАПС (Здружението за Детска и адолесцентна психијатрија и сродни дисциплини на Србија)
Член на ISPCAN (Меѓународното здружение за превенција на злоупотреба на деца)
Член на ESCAP (Eвропското здружение за детска и адолесцентна психијатрија)
Член е на INSAR (Меѓународно здружение за истражување на аутизмот).