Институт Алтернатива
Европски Акредитиран Тренинг Институт за Системска Психотерапија (EAPTI)
Континуирана професионална едукација за системски психотерапевти
Добредојдовте во нашиот Институт Алтернатива - Европски акредитиран институт за обука за системска психотерапија (EAPTI)
Добредојдовте во Институтот Алтернатива – Европски Акредитиран Институт за Професионално Образование во Семејна и Системска Психотерапија (EAPTI). Институтот е основан во 2009 година во Скопје, Република Северна Македонија, како професионална организација со специфични активности посветени на промоција, развој и имплементација на образовни програми базирани на семејна и системска психотерапија, културолошки и родово сензитивни за професионалци од различни хуманистички науки. Дополнително, Институтот е посветен на имплементација на системски интервенции базирани на докази и консултативни активности во разбирање на човечкото однесување, како и во организација и функционирање на различни хумани системи во различни контексти. Во 2011 година Институтот Алтернатива е акредитиран од EFTA (Европска Асоцијација за Семејна Терапија), а во 2013 година од EAP (Европска Асоцијација за Психотерапија) како Европски Акредитиран Институт за Тренинг во Психотерапија (EAPTI). Институтот Алтернатива развива и други програми и активности на локално и национално ниво во соработка со Психолошкиот Центар и НВО Алтернатива: проект за превенција на семејно насилство врз жени и деца (финансиран од Министерството за труд и социјална политика) и работа со маргинализирани и ранливи групи во различни контексти (SOS детско село, ЛГБТ+ заедница, бегалци; партнери во криза; семејни системи во и по развод и сл.). Институтот, како член на меѓународен конзорциум, работи неколку години на истражувачки проекти финансирани од Европската комисија со цел промоција и подобрување на менталното здравје на децата и адолесцентите и намалување на насилството врз нив преку подобрување и проширување на родителските знаења и вештини:
- Проект RISE – Превенција на ментални здравствени проблеми кај деца во Источна Европа – Адаптирање, Оптимизирање, Тестирање и Проширување на Родителство за Доживотно Здравствје (2018-2022)
Проект FLOURISH – Промоција на Семјно-Фокусирано Здравје на Адолесцентите и Доживотна Здравствена Грижа – Превенција на ментални здравствени проблеми кај адолесценти во Источна Европа (2023-2026)