Работилница:
Институт Алтернатива (во соработка со УАКС), за прв пат во Македонија организира дводневна работилница, во живо, со интернационални тренери и супервизори:

Мишел Маестрe, од Франција и
Д-р Стефан Гкаитатзис, од Германија
Светските истражувања кажуваат дека повеќе од 90% од хуманата комуникација е невербална. И сепак, ние како терапевти најчесто вербално комуницираме со нашите клиенти…
Потребата да научиме како успешно да комуницираме со невербалниот дел на клиентите станува се поактуелна.
Дали сакате како терапевт длабоко суштински да допрете до скриените, невербални содржини и подобро да ги разберете своите клиенти ?
Дали сакате да станете покреативен и поуспешен тарапевт?
Метафоричните игри и објекти во психотерапевтскиот процес ќе ви помогнат побрзо да допрете до чувствата на клиентите и поефикасно да комуницирате со нивните скриени невербални содржини.
 
Работилницата е целосно интерактивна и посветена на примената на метафоричните игровни процеси и метафоричните објекти во психотерапевтската пракса, тренинг и супервизија, заснованi на концептот на „ Floating Objects„ (Лебдечки објекти). Овој концепт се јавува низ Европа во многу форми: М. Андолфи (Рим) го воведе концептот на „метафоричен објект“ на крајот на 20-тиот век; Филип Каје, психијатар (Франција) го разви концептот на „Предмети кои лебдат„ . Ивелин Реј, почесен професор по клиничка психологија на Универзитетот во Савоја, ја создаде „Le jeu de l’oie systémique“ (Системска игра со гуска) со претворање на популарната семејна игра во терапевтска игра. Филип Каје и Ивелин напишаа многу книги на оваа тема. Во Германија, Манфред Приор во терапијата ја воведе употребата на скицирање, опишана во неговата книга „Punkt, Punkt, Komma, Strich – fertig ist die Lösungssicht“ („Точка, точка, запирка, цртичка – решението подготвено веднаш“).
Учесниците ќе имаат можност низ бројни вежби, со примена на танцовни движења и други креативни методи и техники на комуникација да создадат меѓусебна врска и да ја „загреат“ просторијата за презентациите и симулациите кои следат.
Мишел Маестрe е психолог, системски семеен и партнерски психотерапевт, тренер и супервизор од Франција. Креатор е на „Системските фигури“ во работата со парови во криза, како моќна алатка во осознавањето на невербалните содржини во интимните претстави на партнерите. во однос на нивото минато, сегашност и иднина.
д-р Стефан Гкаитатзис е психијатар, хипно-системски и на емоции фокусиран психотерапевт во работа со парови, тренер и супервизор, од Германија. Тој успешно ја воведува својата оригинална техника „Графички скици„ во терапевтскиот процес, базирана на концептот „Точка, точка, запирка, цртичка – решението подготвено веднаш“.
 
———-
 
Што можете да очекувате?
Подгответе се за учење и дружење низ движење, забава, возбуда и нови идеи!
Вкупно траење на работилницата е 14 часа.
Работилницата ќе се одвива во два дена, секој ден со 2 блока од по 3 часа, со 1 час пауза.
Сите учесници добиваат сертификат.
1 ден
– Запознавање со теорискиот концепт и видовите на „ Floating Objects„ (Лебдечки објекти)
– Како да ги примените метафорични предмети – фигурите од приказните и нивната тридимензионална моќност
– Како да го воведете и ефикасно да го применувате метафоричниот јазик како алтернативен начин на комуникација
– Како да развивате нови идеи во терапијата и супервизијата
– Учење низ приказ на случаи и нивно одигрување (симулација)
2 ден
– Запознавање со концептот „Точка, точка, запирка, цртичка – решението подготвено веднаш“.
– Запознавање со примената на „Графички скици„ како дел од колаборативниот психотерапевтски процес, низ кој
– Учите како да создадете дополнително, визуелно ниво на комуникација;
– Како да дојдете до поинакво разбирање и поинтензивна интерперсонална врска;
– Како да овозможите побрз пристап до чувствата и во исто време побрза врска помеѓу когнитивната страна на умот и емоциите во терапијата и супервизијата
– Како да создадете „мета-перспектива“ со цел да развиете поширока „внатрешна мапа“ на учесниците во процесот (терапевтски и супервизиски), преку пренесување на мета-идеи, лични претстави и чувства.
– Демонстрација во живо
 
Учесници:
Сите заинтересирани професионални лица од хуманистичките науки кои сакаат да станат препознатливи, креативни и ефикасни во работата со клиентите.
 
Дата:
27 и 28 Мај
Пријава заклучно со 25ти Мај!
 
Локација:
Институт за брак, семејство и системска пракса АЛТЕРНАТИВА
бул. Јане Сандански бр. 65 Скопје
 
Време:
од 9:00 до 17:00 (со 1 час пауза измеѓу) – учесниците се замолуваат да пристигнат 15мин пред време за навремено почнување
 
Котизација:
– ГРУПА од три (3) лица до 25-ти Мај = вкупна цена од 15500 денари (250 еу).
– Индивидуална уплата од 6-ти до 25-ти Мај = 6.200 мкд (100 еу)
 
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Настанот ќе има консекутивен превод на македонски јазик
 
Пријава (вклучувајќи и информации за уплата) на следниот линк:
https://forms.gle/RGAMaRnwYE7GvnQy7